Во потрага по несекојдневна и невообичаена дружба со пријателите, организаторитe ја носат уметничката работилница „Paint&Wine“ во Скопје. Место на кое може да ја разбудите вашата креативност, низ дружба со пријателите и дегустација на локални вина, до вашето уметничко дело.
Идејата ја добивме од едно патување во Италија каде што сакавме да пробаме нешто поразлично од паста и пица, па сосема случајно наидовме на „Paint&Wine“ работлиница и решивме да се пријавиме. Отидовме со отворен ум и никакви очекувања, дека од средно немавме фатено четки и бои. Она што го искусивме тие два часа беше навистина една посебна позитивна енергија, каде што кај секој на површина излегува креативноста која сите сме ја имале како деца, а ја имаме запоставено со текот на годините.
По ова сфативме дека дефинитивно такво нешто фали и кај нас. Тргнавме од самите себе и бевме сигурни дека како нас, има многу други на кои им недостига некогаш да можат да поминат квалитетно време со некој близок, а да не мора да е кафич или ресторан.
„Paint&Wine“ е работилница која ги спојува уметноста и квалителното вино. Со помош на уметник и вино (за дополнителна инспирација) ќе го насликате вашето прво ремек дело и ќе искусите нешто поразлично за првпат.
Една работилница трае два часа. Она што ќе се слика е однапред дефинирано и целиот потребен материјал за сликање го добивате од нас, почнувајќи од четки, бои, платно, штафелај и кецела. Дополнително имате дегустација на вино. Кога станува збор за виното, идеја ни беше да соработуваме со семејни винарии, со цел да ги поддржиме и истите да ги промовираме.
Секоја работилница започнува со краток вовед и објаснување од уметникот за она што ќе се црта и некои совети за самиот процес да биде полесен. Понатаму со добра музика, квалитетно вино и позитивна, опуштена енергија двата часа минуваат пребрзо. Низ текот на целиот термин, уметникот е доостапен за помош.
Првично е наменета за аматери, дури и за некој што никогаш не сликал на платно. Со помош на уметник и вино (за дополнителна инспирација) ќе го насликате вашето прво ремек дело и ќе искусите нешто поразлично за првпат.
Да, вашето насликано дело останува за вас.
Еден термин на „Paint&Wine“ трае 2 часа.
Максимален број на лица по термин е 22.