Чави: Тоа е стилот што го бараме, сакаме да играме како Џирона

Дерби

11/12/2023

14:51

1.386

Големина на фонт

а а а

Барселона го претрпе вториот сезонски пораз во Примера, втор на домашен терен и втор против директен ривал за врвот, титулата, поточно по Реал Мадрид подобар од нив беше и составот на Џирона кој славеше со 4-2 на „Монжуик“.

Домаќините испрати дупло повеќе удари од противникот, ама не беше доволно конретен во завршницата, плус покажа многу слабости на средината, дефанзивната линија и тоа гостите знаеја да го искористат и да забележа историски триумф против соседот од Каталонија.

Ова уште еднаш покажа дека Чави Ернандес има многу работа, доста елементи мора да бидат корегирани, а и самиот стратег призна дека посакува да играат како Џирона.

- Натпреварот беше изедначен, решаваа детали. Да победеше Барса ќе кажевме дека беше фер, мислам дека упативме 31 шут. Ни недостигаше ефективност и можеби грешките во одбраната се одразија врз нас. Дури и при лошата завршница имавме шанса за 3-3.

- Тие имаат сличен стил кој ние го бараме. Џирона има многу заслуги за тоа што го прави. Тие се лидери на табелата и имаат седум бода предност пред нас. Многу заслужено. Мислам дека работата што ја вршат Мишел и играчите е спектакуларна. Честититки до нив, - порача Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг