Помоќен од кафе: Овој напиток е вистински „утрински еликсир“, испијте го по будењето, ефектот ќе ве воодушеви

Точка

11/12/2023

16:15

7.435

Големина на фонт

а а а

Напитокот којшто буди, го придвижува метаболизмот и циркулацијата, хидрира, одличен е за детоксикација.

Најдобро е да го пиете наутро доколку се обидувате да го намалите внесот или целосно да го исфрлите од употреба кафето.

Наместо кафе утрото започнете го со напиток којшто ќе ве разбуди, а исто така ќе направи и детоксикација на вашиот организам, но исто така и ќе го хидрира.


Доколку го започнете денот со овој здрав напиток, не мора да размислувате ниту за вишокот килограми, слабото варење на исхраната и цревата.

За него ќе ви биде потребен лимон, ѓумбир, малку вода која сте ја оставиле на собна температура.

Состојки:

- 2 децилитри вода на собна температура;
- цеден сок од половина лимон;
- 1 сантиметар корен од ѓумбир.

Подготовка:

Исцедениот лимон и ситно исечканиот ѓумбир додадете ги во чашата со млака вода. Напитокот оставете го малку да отстои и потоа испијте го.


Овој чудотворен напиток може да ви послужи како детоксикација, но и како здрав утрински напиток кој ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсините наталожени во текот на празниците.

По желба може да го засладите со мед.