Фудбалот понекогаш ни приредува неверојатни работи како голови, асистенции, дриблинзи, потези за кои се зборува долго. Овој пат на социјалните мрежи се појави и една табела која изненади многумина. До таа мера што сите проверувале дали е точна или не. Било утврдено дека е точна – еден тим постигнал 225 гола на 30 натпревари во сезоната, а примил само еден.
Верувале или не, но навистина е точно. Станува збор за женски фудбал во Белорусија, каде Динамо Минск ја освои титулата така што ги доби сите 30 натпревари во сезоната.
Јасно е дека титулата заврши во нивните раце, кога во сезоната примиле само еден гол. Од кого? Од второпласираниот Минск, Марина Ксиконен во 50-тата минута од натпреварот ја затресла мрежата на Динамо, прв и единствен пат во сезоната.
Просекот на фудбалерките на Динамо на секој натпревар е 7,5 голови. Во последното коло кон крајот на ноември го победиле Голем со дури 14:0. Исто така, на тим по име Џуш-Полесгу му дале вкупно 33 гола на два натпревари. Во првиот 16, во вториот 17.
Интересно е дека најдобар стрелец во лигата била Милана Суровчева која игра за вице-шампионот, тимот на Минск. Таа постигнала 59 голови, а зад неа се две фудбалерки на шампионот – Анастасија Шупо со 30 голови и Ана Пилипенко со 25.