[ВИДЕО] Експертите тврдат: Слушањето на песната од Тејлор Свифт би можело да спаси живот

Точка

11/12/2023

14:53

2.609

Големина на фонт

а а а

Една песна од пејачката Тејлор Свифт би можела да спаси човечки живот, велат експертите.

Американското здружение за срце ја прогласило песната „You’re Losing Me“ совршена за изведување на кардиопулмонална реанимација (CRP), техника за спасување живот која е корисна во многу од итните случаи кога нечие срце престанало да работи.

Има 103 отчукувања во минута, што се смета за вистинско темпо за повторно придвижување на срцето со компресија на градниот кош.

Објавена минатиот месец, песната од 33-годишната Тејлор дури го вклучува и стихот: „Не можам да најдам пулс, срцето не може да почне да работи“.

На луѓето кои ќе видат дека некому му е потребно CRP им се советува да повикаат Брза помош и да го масираат срцето во ритамот на песната.

Моментално „Stain’ Аlive“ од групата „Bee Grees“ е најпопуларната песна за CRP, но песната на Тејлор би можела да стане нова химна за прва помош.

Втора песна со 103 отчукувања во минута е „S Club Party“, но и „Don’t Get Me Wrong“ од The Pretenders.




Спонзорирани линкови

Маркетинг