[ВИДЕО] Имал милиони и играл со Леброн, а сега е бездомник, зависник и проси на улица! Хорор судбината на НБА ѕвездата: „Тој е болен“

Точка

11/12/2023

14:31

6.460

Големина на фонт

а а а

Поранешната НБА ѕвезда Делонте Вест го допрел дното по завршувањето на кариерата, па станал бездомник и почнал да проси по улиците на Далас.

Овој 40-годишник изгледа непрепознатливо. Ги потрошил силните милиони заработени во текот на кариерата, почнал да се дрогира и да пие.


Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, ја платил рехабилитацијата на Вест, а поранешниот соиграч Леброн Џејмс му помогнал како би Вест повторно има пристоен живот. Сепак, тој никогаш не успеал да истрае.

„Го носиме на рехабилитација на Флорида, а тој ги зема работите, го фрла преку оградата и исчезнува“, открил Марк Кјубан, додавајќи:

„Тој е болен, има биполарно растројство. За него тоа е борба. Зависноста е ужасна работа. А и менталната болест е, исто така, ужасна. Тој прво мора да сака да му се помогне. Го пробав тоа. Знам дека му е тешко, но му посакувам само најдобро.


Сепак, и покрај тоа што сите сакале да му помогнат, се чини дека тој навистина не се вразумил. Често се појавувале видеа од познатиот кошаркар како проси, а извесно момче објавило видео од Делонте Вест од бензинска пумпа на кое може да се види како разговара со поранешниот кошаркар. Тој дури се обидел и да му објасни како останал без пари откако се погрижил за секој член од неговото семејство.

Мајката на ова момче го прашала дали по кариерата парите ги вложил во нешто, а потоа Вест почнал да зборува.

„Се грижев за моето семејство и нивните деца и секој од нив кој отиде на факултет. Се погрижив секој од нив да има своја куќа“, во таа прилика раскажал Вест, а потоа таа го прашала како е можно никој од нив да не му се оддолжил за сето тоа.

„Се борам сам. Не барам ништо за возврат“, кратко додал Вест.

Во својата осумгодишна кариера во НБА, Делонте Вест играл за Бостон Селтик, Сиетл Суперсоникс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс. Накратко бил во Кина и Г лигата, каде што и ја завршил кариерата во 2015 година.

Во својата НБА кариера, 193 сантиметри високиот кошаркар бележал просек од 9,7 поени, 2,9 скока и 3,6 асистенции по натпревар.


За време на својата НБА кариера тој заработил околу 16.000.000 долари, а пред две години бил уапсен на Флорида кога имал необична средба и разговор со органите на редот.

„Бев подобар од Леброн. Подобар сум од Џордан. Бев најдобриот кој се занимаваше со овој спорт. Замолчете!“, Вест тогаш „грмел“ на полицајците, а потоа наводно рекол како е претседател на Соединетите Американски Држави и Исус Христос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг