[ФОТО] По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Точка

11/12/2023

13:45

3.106

Големина на фонт

а а а

По гласините за нивното раскинување, НФЛ ѕвездата Том Брејди и моделот Ирина Шајк беа фотографирани во Мајами.

Како што може да се види на фотографиите кои ги објавија медиумите, Том Брејди во автомобилот ја чекал Ирина Шајк пред хотелот во кој таа престојуваше изминатите неколку дена.


Манекенката е видена како влегува во автомобилот на Брејди во петокот вечерта, облечена во кратка бела блуза и фармерки со низок струк. Брејди се одлучи и за поедноставна модна комбинација носејќи сина капа и тегет кошула.

Двојката подоцна присуствуваше на приватна забава во Арт Базел организирана од Леонардо ди Каприо. Сепак, двајцата навидум се држеле на дистанца и делуваале незаинтересирано.


Извор изјави за Page Six дека Брејди и Шајк не биле заедно на забавата и дека само се поздравиле. Медиумите се обидоа да добијат коментар, но нивните претставници сè уште не одговориле на барањата.

За потсетување, ѕвездата на НФЛ и манекенката првпат ги поттикнаа гласините за врска уште во мај оваа година. Иако нивната романса во тоа време не беше потврдена, тие двајца беа фотографирани заедно уште во во јули.


Во меѓувреме, Шајк извесен период се дружеше и со својот поранешен партнер Бредли Купер и нивната ќерка Леа, а во една прилика објави и топлес фотографии додека е на одмор со Купер.

Инаку, медиумски извори во октомври потврдија дека Брејди и Шајк раскинале затоа што сакал да се фокусира на своите деца и работата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг