[ФОТО] Треба да присуствувате на свечена пригода во декември? Оваа идеја на Амал Клуни е модната инспирација која ви треба

Точка

11/12/2023

13:28

3.869

Големина на фонт

а а а

Никој не умее да избере фустан како Амал Клуни, зар не? Доколку пригодата бара да изгледате елегантно и да оставите посебен впечаток, тогаш најновото издание на Амал ќе ве инспирира за тоа.

Холивудскиот актер Џорџ Клуни зад себе има неверојатна режисерска кариера, а неговиот најнов филм е „The Boys in the Boat“ чија свечена проекција била одржана пред неколку денови во Лос Анџелес.

Тој на премиерата пристигнал во придружба на својата сопруга Амал Клуни, угледната адвокатка специјализирана за човекови права, а таа повторно била ѕвезда на вечерта благодарение на стилот од кој запира здивот.

Таа овојпат на црвениот тепих покажала зошто ѝ нема рамен кога станува збор за елеганцијата на црвениот тепих.

Сопругата на Џорџ Клуни изгледала неверојатно во фустанот од модната куќа „16Arlington“ која е дел од колекцијата за пролет и лето 2024 година. Амал обожува светкави креации, а токму таков е овој миди-фустан без ракави кој ја следи линијата на тело и ги истакнува нејзините облини.

Нејзиниот избор била креацијата која има сребрени детали, па Амал мудро ја комбинирала со сребрени салонки и златна чанта.

Црвен фустан – непогрешливо решение за сезоната на празничните забави


Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, црвената боја доминира во модните комбинации на вечерните забави и со неа нема грешка во декември.

Таа секогаш е одличен избор доколку приликата бара елеганција, а најдобро е да се комбинира со светкави детали.

Еднакво добро изгледа кога црвеното се носи како монохроматски стил, од глава до пети, како и кога се комбинира со неутрални тонови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг