[ФОТО] Убавата холивудска актерка никогаш посексапилна: Кејт Бекинсејл ја покажа новата драстична промена во изгледот

Точка

11/12/2023

13:08

4.775

Големина на фонт

а а а

Кејт Бекинсејл е без сомнение една од најубавите холивудски актерки - нејзината убавина има печат на отменост, а иако низ годините има направено некои естетски зафати, тоа го направила со мера.

Факт е дека изгледа многу младо, иако веќе го прослави својот 50-ти роденден во јули оваа година.

Актерката со години е верна на својата кафеава коса со неколку руси прамени, а последниве години имаше уште еден заштитен знак - косата најчесто ја врзуваше во висок реп или пунџа и речиси никогаш не ја пушташе слободно да паѓа.

Но, неодамна познатата убавица направила драстична, неочекувана промена - таа не само што ја скратила косата во малку подолга боб фризура, таканаречена лоб, туку и ја бојадисала во руса нијанса.


Бекинсејл ја покажа својата нова фризура пред неколку дена на настанот „Women Entertainment“, кога на црвениот тепих се појави во елегантен и романтичен краток фустан изработен од бел твид.

Изгледот го заокружи со чанта со сребрен штрас и сандали со огромна платформа, истакнувајќи ги нејзините тенки, затегнати нозе. Сепак, најголемо внимание привлече ласкавата промена на фризурата и бојата на косата.


Кејт подоцна се пофали со новата боја на коса на Инстаграм, споделувајќи видео и фотографии на кои позира во црвен костум и вамп црвен кармин и дефинитивно изгледа посексапилно од кога било!

На актерката одлично ѝ прилега русата коса - со неа изгледа попривлечно и помодерно, иако на некои повеќе им се допаѓа како бринета. Што велите вие?