Познат е наследникот на Валенти: Српски стратег ќе ја води Брера Струмица

Дерби

11/12/2023

12:55

1.574

Големина на фонт

а а а

Екипата на Академија Пандев Брера Струмица го затвори прашањето околу наследникот на Џовани Валенти кој беше отпуштен поради лошите резултати.

Управата на македонскиот прволигаш повторно се реши за странец на фунцијата прв тренер и тоа за Бојан Круљ од Србија. Круљ има 35 години и досега како главен стручњак има работено само во ИМТ од Белград и Рудар од Приједор.

- Моите први впечатоци се одлични. Она што беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак фудбалот и да оствариме добри резултати. Во разговар со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата. Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона, -порача Круљ за официјалната веб страна на клубот.

Добредојде во Струмица му посака и претседателот, Горан Пандев.

- Му посакав добредојде на новиот тренер кој екипата ќе ја предводи за вториот дел од сезоната. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот за разлика од оваа есенска етапа и ќе бидеме подобро позиционирани на прволигашката табела. Бојан е млад и перспективен, жеден за нови докажувања и верувам е дека ќе успееме во зацртаното за вториот дел од годинашнава сезона, -изјави Гоче.

Брера Струмица ја заврши оваа година на 8 место со 20 освоени бодови.