Поранешниот фудбалер на Шкендија, Иван Челиковиќ ненадејно почина во 34. година од неговиот живот.
Единствениот клуб за кој Челиковиќ играше надвор од Хрватска беше токму Шкендија и тоа во сезоната 2017/18 по што се врати дома каде преку Интер Запрешиќ, Локомотива и Јарун Загреб одново дојде до Конављанин каде во изминатиов период работеше во академијата.
- Утрово ненадејно не напушти нашиот драг Иван Челиковиќ. Секогаш љубезен и весел, добар дух на клубот и местото, на теренот и надвор од теренот, голем пријател. Тешко е да се замисли дека веќе не си тука. Во овој момент е тешко да се најдат вистинските зборови, болката и тагата се големи. Искрено сочувство до најблиските, - порачаа од клубот Конављанин.
Jutros nas je iznenada napustio naš dragi Ivan Čeliković.
Uvjek drag i veseo, dobri duh kluba i mjesta, na terenu i...
Posted by HNK Konavljanin on Monday, December 11, 2023