Жозе е уникат: Рома остана со девет играчи на теренот, Мурињо го искористи собирачот на топки за да ја промени формацијата

Дерби

11/12/2023

11:29

1.275

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо уште еднаш го искажа својот револт кон италијанските судии такашто ги бојкотираше новинарите по крајот на дербито со Фиорентина, но зад него овојпат застана и Рома како клуб и беше забрането обраќање на било кој играч.

Ова беше резутлат на двете исклучувања кои ги заработија Залевски и Лукаку во второто полувреме од дербито на „Олимпико“, кое на крајот заврши со резултат 1:1.

Рома успеа да се одбрани со девет играчи и да извлече барем бод, но завршницата од мечот донесе и една уникатна ситуација, со која повторно се прослави Мурињо.

Свесен дека ниту еден член од неговиот стручен штаб не смее да се движи зад голот, Мурињо искористи едно од децата кои собираат топки, односно му додели парче хартија на кое имаше порака за Руи Патрисио.

Португалскиот стручњак мораше да ја менува формацијата и поставеноста на играчите во завршницата, а негов помошник на овој натпревар беше собирачот на топки кој педантно и точно си ја изврши својата задача.