Провалници маскирани со скијачки маски упаднале во домот на Кијану Ривс во Лос Анџелес, пишува TMZ.
Инцидентот се случил во средата, а полицијата не пронашла никого кога пристигнала. Провалниците околу 1 часот по полноќ се вратиле на имотот на актерот и го скршиле прозорецот од вилата. Според странските медиуми, тие успеале да украдат само огнено оружје, а полицијата пристигнала откако се огласил алармот. Ривс во тоа време не бил дома.
Истрагата сè уште е во тек. Полицијата ги анализира видео снимките од камерите околу имотот вреден 6,5 милиони долари.
Ривс претходно имал проблеми со провалници
Ова не е првпат домот на Ривс да биде мета на провалници. Пред девет години жена упаднала во куќата додека актерот спиел. Не зела ништо, туку седнала и заспала во фотелјата. Кога Кијану се разбудил и видел непозната жена, разговарал со неа, а потоа повикал полиција. Таа тврдела дека само сака да го запознае.
Ден потоа друга жена му влегла дома. Вратата наводно била отклучена, а медиумите тогаш објавија дека таа се соблекла, се истуширала и влегла во неговиот базен. Ја забележале чистачите кои повикале полиција. И двете жени завршиле на психијатриска опсервација.