[ФОТО] По 6 месеци од разводот, поранешниот сопруг на Софија Вергара за првпат се појави со новата девојка на црвениот тепих

Точка

11/12/2023

12:04

7.658

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, во саботата за првпат се појави со Кејтлин О’Конор на црвениот тепих.

Парот присуствувал на галата на „Children of Armenia Fund“ (COAF) во Њујорк, а откако пред неколку месеци се дозна за нивната романса, ова појавување во јавноста може да се окарактеризира како чекор понатаму кон сè посериозна врска, но и како официјализирање на нивниот љубовен однос.


Џо (46) и 13 години помладата Кејтлин позирале прегрнати на црвениот тепих, а фотографијата ексклузивно ја пренесе „People“. А според веб-страницата на споменатиот настан, на актерот му била врачена награда за хуманитарна работа.


Познатиот актер и поранешен сопруг на Софија Вергара ја запознал својата нова партнерка на забава во септември во Лос Анџелес. По таа прва средба, тие започнале да се гледаат, а пред 3 месеци беа забележани како излегуваат од теретана во Калифорнија. Во меѓувреме повеќепати беа видени во јавност.


„Тие многу се забавуваат, тој е многу духовит со неговите шеги, и таа исто така. Толку слатка и паметна. И тој е кул“, рекол изворот.

Додека беше во брак со Софија Вергара (51), Манганиело изгледаше дека е лудо вљубен во неа, но впечатокот може да измами.


Актерот поднесе барање за развод од колумбиската актерка во јуни, 7 години по нивната венчавка поради, како што беше наведено, „непомирливи разлики“. Прашањето која е вистинската причина за разводот, и покрај бројните написи, сепак останува отворено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг