Тежок блам или погодок? Вучиќ објави видео од познатиот актер на ТикТок

Точка

11/12/2023

10:40

2.718

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ ја продолжува својата кампања на ТикТок пред изборите во Србија и станува сè попопуларна како што одминува времето.

Вучиќ во кампањата користи и светски фаци на кои им дал српски пасош или некое признание, а сега на ред е Џони Деп.

Вучиќ во видеото објаснува како Џек Спероу всушност го донел Џони Деп во Белград. Филмскиот лик во еден момент сфаќа дека му недостига еден златник, па се присетува дека е во Србија, а потоа на видеото се гледа моментот кога Вучиќ му го доделил орденот на Деп за неговиот исклучителен придонес во српската уметност.

Кариерата на Вучиќ во ТикТок за многумина е тежок блам, но се чини дека прегледаноста не изостанува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг