Не сте во врска и немате со кого да патувате? Објавена листа на најдобри европски дестинации за самци

Точка

11/12/2023

11:00

12.105

Големина на фонт

а а а

Собирајќи податоци за самци, апликации за запознавање, социјален живот и мислењата на жителите, блогот за патувања „Enjoy travel“ ги објави 50-те најдобри европски градови за самци.

Апликациите за запознавање се вообичаена појава веќе неколку години, но многу самци се уморни од бесцелното прелистување. Тоа доведе до пораст на желбата за поавтентични можности за состаноци, како што се настани за самци и брзи состаноци.


На тој начин се креирала листата на најдобри градови за самци, а првото место го зазеде Барселона. Популарната дестинација за одмор воедно е и еден од најпопуларните градови во Европа според корисниците на апликацијата Тиндер. Постојат неколку клубови кои организираат самостојни вечери, танци и настани за брзи состаноци за различни возрасти и сексуални ориентации.

На второ место се најде Лондон, додека третото и четвртото место ги заземаа градовите Берлин и Мадрид. Прага е на петтото место.

Интересно е што на листата се најде и Загреб кој го зазеде 47-то место. Тие го опишале главниот град на Хрватска како локација која има Музеј на раскинати врски, но сепак вреди да се посети ако сте сингл.


Исто така, на 43-то место се најде Љубљана, која е опишана како одлично место за самци. Тие посочуваат дека секој 7-ми жител на Словенија живее во едночлено домаќинство, така што во овој град има многу самци, а покрај тоа има и многу музеи и локации кои вреди да се посетат.

На листата се најдоа и градовите Париз (6-то место), Манчестер (7-мо место), Стокхолм (8-мо место), Лисабон (9) и Осло (10), како и Рим, Истанбул, Даблин, Женева, Севиља, Глазгов... Целосната листа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг