25 години по победата на Макфест, Јован Јованов ја преработи познатата песна „Магија“, која сега доби нов модерен призвук и веруваме дека ќе продолжи да живее кај младата популација.
Тој заедно со Христијан Настески - Пајак го препеа хитот, а за истиот е направен нов аранжман и целосна продукција од Иван Јованов - Ивајо. Јован живее и работи како музички продуцент во Канада, а ова му е прв музички сингл на нашата сцена по цели 14 години.
Видеоспотот започнува со снимка од оригиналниот настап на групата „Магија“ од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио „Eat The Beat“.