Џејда Пинкет Смит тврди дека шлаканицата на Вил на доделувањето на Оскарите го спасила нивниот брак

Точка

11/12/2023

10:00

2.023

Големина на фонт

а а а

Џејда Пинкет Смит неодамна им откри на медиумите дека моментот кога Вил му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите во 2022 година им го спасил бракот.

Имено, откако неодамна ја изненади јавноста дека тие не живеат заедно речиси 7 години, актерката тогаш изјави дека сепак нема да се разведат. Но, сега открила една од причините кои го спасиле нивниот брак.


„После сите тие години обидувајќи се да сфатам дали ќе го напуштам Вил, ми требаше таа шлаканица за да видам дека никогаш нема да го оставам. Којзнае каде ќе беше нашата врска ако тоа не се случеше“, навела Џејда.

Инаку, парот е во брак од 1997 година, но никој не знаел за нивните брачни проблеми и дека тие 7 години живееле одвоено.

Пинкет Смит се присетила како сè се променило таа вечер во Лос Анџелес откако нејзиниот сопруг излезе на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок поради шегата која комичарот ја кажа поради нејзината алопеција.


„Сега тоа го нарекувам „света шлаканица“ бидејќи после тоа дојдоа многу позитивни работи“, изјавила Џејда, додавајќи дека ѝ е мило што била присутна на настанот и покрај тоа што сакала да го пропушти.

И покрај тоа што Џејда детално ги опиша проблемите во нивниот брак и ја откри аферата со пејачот Аугуст Алсинa, Вил Смит остана покрај неа по објавувањето на книгата. Тој дури ѝ се заблагодари на поддршката, велејќи дека таа многупати се жртвувала за него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг