[ВИДЕО] Бубо Каров: Полесно ми е кога мислам дека брат ми Трајко е уште жив

Точка

11/12/2023

09:15

7.298

Големина на фонт

а а а

За својот брат Трајко Каров, кој беше познат музичар и има свирено тапани со многу македонски бендови, Бубо Каров зборуваше во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре. Трајко ненадејно почина на настап, на 14 февруари во 2011 година.

- Ние никогаш немавме можност да имаме таква близина. Немавме ситуација, јас од 14 години отидов да учам средно школо во Скопје. Потоа тој кога наполни 18 години почна активно да свири, постојано беше некаде. Имавме една година кога живеевме заедно, тој како студент и јас како средношколец во Скопје, тогаш најмногу се зближивме, меѓутоа тоа беше многу краток период. Јас кога бев во Кавадарци, тој беше почесто во Скопје, јас кога се преселив тука, тој свиреше низ Европа. Ние имавме многу интересен однос, многу често влегувавме во расправии, меѓутоа никогаш не се случило да не разговараме“, раскажа Бубо Каров а потоа објасни како се справил со загубата на брат му.

- Кога го почувствував тоа, ми се сруши еден дел од светот. Не посакувам на никого да го почувствува истото. Знаеш како го решив тоа? Исто така се однесував кон споменот на родителите и пријателите што сум ги загубил. Јас сметам дека се уште живи. Само што прашање е кога ќе се јават на телефон. Знаеш колку време ми се случило да ми ѕвони телефонот и да речам: „Ова време само мајка ми може да е“, рече Бубо Каров и објасни дека така му е полесно.

Целиот разговор со Бубо во „Еден на Еден“ е достапен на јутјуб каналот на емисијата: