Хименез урна рекорд на Луис Суарез стар 13 години

Макфакс

09/12/2023

18:10

1.289

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на актуелниот холандски шампион Феенорд, 22-годишниот Мексиканец Сантијаго Хименез синоќа постигна гол во победата на неговиот тим против Волендам во 15. коло од Ередивизија. Неговата неверојатна статистика оваа сезона е 20 гола и три асистенции на 18 натпревари.

Со својот последен гол успеа да се запише во историските книги на холандскиот фудбал.

Тој оваа календарска година постигна 31 гол во Ередивизија, што е еден гол повеќе од бројката што ја постигна легендарниот Луис Суарез во 2010 година, настапувајќи за Ајакс.

Хименез, минатото лето пристигна во Феенорд од мексиканскиот Круз Азул за шест милиони евра, а во првата сезона со 23 гола му помогна на клубот во походот кон титулата, а оваа сезона игра значително подобро.

Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра и се очекува наскоро да премине во некој од европските гиганти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг