Актерката Џулија Робертс гостувала во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен. За време на играта наречена „Plead the Fifth“, таа одговорила на низа прашања. Во таа игра ѕвездите одговараат на три брзи прашања од водителот.
Едно од прашањата било да ги рангира своите три најголеми филмови: „Notting Hill“, „My Best Friend’s Wedding“ и „Pretty Woman“. Џулија на тоа прашање не сакала да одговори а Коен прокоментирал: „Сите се подеднакво добри“.
Ја прашал и која е нејзината најмалку омилена личност во риалити шоуто „Real Housewives“ во историјата на таа емисија. Таа му одговорила Џен Шах која, инаку, моментално издржува затворска казна.
„Тоа го кажувам само затоа што таа е во затвор, а јас се чувствувам безбедно“, објаснила актерката.
Коен потоа ја прашал која е најтешката дрога што ја пробала. Иако повеќето познати личности на ова не би одговориле, Робертс рекла: „Печурки“.
„Да, убаво беше, нема да лажам. Деца, не го пробувајте тоа дома“, додала таа.
Џулија Робертс сега е актуелна со филмот „Leave the World Behind“ кој пристигнал на Нетфликс. Покрај неа глумат и Итан Хоук, Махершала Али, Кевин Бејкон и Михала Херолд.