„Не го разбирам овој свет“: Поради изгледот на партнерката на славниот фудбалер настанала „војна“ на социјалните мрежи – за него е најубава

Точка

09/12/2023

13:03

18.476

Големина на фонт

а а а

Изборот на животната партнерка на еден од најскапите спортисти во историјата не е по волја на навивачите, а верните фанови веднаш застанале во одбрана на парот.

Англискиот фудбалер Деклан Рајс има само 24 години, но веќе влезе во историјата како еден од најскапите играчи во историјата.

Тој годинава премина од Вест Хем во Арсенал за неверојатни 122 милиони евра и ужива во луксузниот живот којшто го дели со својата девојка Лорен Фрајер која на прв поглед не се вклопува во она што ќе го замислите кога ќе чуете „партнерка на фудбалер“.


Сепак, деновиве на социјалните мрежи парот мора да чита непријатни коментари за Лорен затоа што навивачите на Рајс веруваат дека тој мора да си најде друга партнерка.

Сѐ започнало откако некој профил на социјалната мрежа „X“ којшто сега е суспендиран, објавил фотографија од парот со порака:

„Деклан Рајс е мултимилионер, спортист и елитен фудбалер, висок 185 сантиметри којшто сепак е задоволен со дебела, бела девојка... Повеќе не го разбирам овој свет“.

Зборовите од анонимната личност привлекле огромно внимание, па дел од корисниците на социјалните мрежи биле збунети додека пак имало и такви кои нагласиле дека изборот на Рајс на девојка е само негов:

„Избриши го ова“, „Замисли да бара девојка според тоа таа да им се допаѓа на сите“, „Таа беше покрај него кога тој не беше никој“, биле само дел од коментарите.

Која е девојката на Рајс?

Фудбалерот Рајс со години е среќно заљубен во Лорен со која почнал да се гледа кога имале 17 години.

Тие се запознале на училиште каде оделе заедно и од тогаш се неразделни, а Лорен често го следи спортистот на натпреварите и навива за него.

Парот во август 2022 година го добил синот Џуда, а бременоста на Лорен успеале да ја скријат од очите на јавноста до самиот крај. Во тоа биле толку вешти што самото раѓање на синот се дознало откако фановите ја забележале новата тетоважа на раката на фудбалерот со името од синот, датумот на раѓање и симбол на неговиот хороскопски знак – Лав.

Деклан и Лорен поголем дел од времето престојуваат во Лондон, а секој слободен момент го користат да отпатуваат заедно и да уживаат во својата приватност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг