Почина актерот Рајан О’Нил, тажната вест ја потврди неговиот син

Точка

09/12/2023

10:05

5.495

Големина на фонт

а а а

Актерот Рајан О’Нил почина на 82-годишна возраст, а оваа тажна вест ја потврди неговиот син Патрик.

„Ова е најтешкото нешто што некогаш сум морал да го кажам, но еве сме. Мојот татко денес мирно почина, со неговиот љубезен тим кој го поддржуваше и го сакаше, како што и тој нам“, порачал Патрик.


Рајан се прослави со улогата во драмата „Love Story“, која му донесе номинација за Оскар. Глумеше и во комедиите „What’s Up, Doc?“, „Paper Moon“ и „Chances Are“. Тој исто така одигра важни улоги во филмовите „Barry Lindon“, „A Bridge Too Far“, „Oliver’s Story“ (продолжение на „Love Story“) и „The Driver“.

Рајан О'Нил и неговата колешка Али МекГро добија ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд пред две години.


„Кој би помислил дека ќе завршам со ѕвезда на Булеварот на славните? Па, тоа е прилично добро“, рекол тогаш актерот.

Филмот „Love Story“ стана културен феномен, номиниран за 7 Оскари и освои еден, за најдобра оригинална музика.

Во 2012 година, Рајан О’Нил откри дека има рак на простата.

„Неодамна ми беше дијагностициран рак во 4-ти стадиум. Иако бев шокиран од оваа информација, сметам дека имам среќа што ракот е рано откриен и според моите лекари, прогнозата е многу позитивна. Им благодарам на моето семејство и пријателите што беа со мене“, рече тој тогаш.

Актерот ја победил и леукемијата, но подоцна лекарите се посомневале дека болеста се вратила.


„Имам волја и желба да се борам против сите овие работи, но ако умрам, барем конечно ќе бидам со мојата девојка. Таа не се плашеше од смртта, па нема да се плашам ниту јас“, изјави О’Нил во 2017 година, мислејќи на покојната партнерка Фара Фосет која почина од рак на црниот дроб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг