Холивудскиот секс-симбол го слави 70-от роденден: Била најубавата жена на светот, а денес живее повлечен живот

Точка

08/12/2023

14:30

5.956

Големина на фонт

а а а

Славната Ким Бесинџер и денес е синоним за вистинска убавина. Со години се зборувало дека таа е една од најубавите жени на светот. Мажите воздивнувале по неа и таа со својата појава никого не оставала рамнодушен.

Ретко денес можеме да ја видиме во јавноста, а кога тоа ќе се случи никој не е подготвен да го прифати фактот што оваа некогаш гламурозна дама денес изгледа поразлично.


Таа важи за една од најпознатите холивудски актерки на 20 век, а со причина ја носи титулата секс-симбол.

Уште како девојче сакала да стане актерка, а таа желба секако дека се остварила. Од мали нозе се занимавала со танц, пливање и гимнастика. Иако е тешко да поверуваме, таа била многу срамежлива во детството и тешко склопувала пријателства поради недостатокот на самодоверба.


Пливањето и балетот многу ѝ помогнале да го надмине тој проблем и повеќе да верува во себе.

На 16 години таа победила на тинејџерски избор за Мис, ја започнала манекенската кариера и потпишала договор со првата агенција – „Ford Modeling“, па станала еден од најбараните модели, но од сонот да биде актерка не се откажала.


Зад себе има два пропаднати брака, а вториот со Алек Болдвин со којшто ја има ќерката Ајрланд. Драмата околу разводот траела шест години, а после борбата за старателство доделено било заедничко. Со години Ким и Алек биле во кавга, а актерката имала и некои важни улоги во тој период.

Денес е во среќна врска со фризерот Мич Стоун со кој запловила во романса во 2014 година. Во јавноста ретко се појавува, води мирен и таен живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг