Протекоа први фотографии: Ова е новиот „Renault 5 E-Tech“

Точка

08/12/2023

09:47

5.624

Големина на фонт

а а а

Беше прашање на време кога во јавноста ќе се појават фотографии од долгоочекуваниот наследник на култното „Renault“.

Секако, станува збор за „Renault 5 E-Tech“, електричен компакт ретро дизајн, кој доаѓа како духовен наследник на култната петка. Ако може да им се верува на медиумите кои ги објавиле фотографиите, станува збор за патентни фотографии чиј извор е „WIPO“ (World Intellectual Property Organization).


Потсетуваме, новиот „Renault 5 E-Tech“ има закажана премиера за 26-ти февруари идната година, а судејќи по виденото, „Renault“ ја кажувал вистината кога тврдел дека конечниот производ естетски ќе биде многу сличен на концептот од 2021-ва година.


Страничната линија открива релативно поголем агол на шофершајбната и повисока линија на кровот на која продолжува интегрираниот спојлер на кровот. Од позади вертикалните светла се поврзани со лајсна и атрактивна графика, исто така веќе видена во конечната верзија. Оваа изведба има црн кров и црвени детали, што најавува и бројни можности за персонализација.


Пократок од „Volkswagen ID. 2“, но и „Clio“, овој модел ќе има повеќе од задоволувачка понуда на простор. „CMF-BEV“ платформата притоа во 70% од деловите е ист со платформата „CMF-B“ која ја користи споменатото „Clio“, но и моделите на „Dacia“.


Од механичка страна очекувате електромотор со сила од 90 до 110 kW, две верзии на батерија (40 i 52 kWh) и досег до 400 километри. И да, почетната цена би требало да е околу 25.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг