Пристигнува наследник на „Audi A4 Avant“: Погледнете како би можел да изгледа овој моќен караван

Точка

06/12/2023

21:11

6.080

Големина на фонт

а а а

Минаа неколку седмици откако се појавија шпионски фотографии од новото „Audi A5 Avant“ кој би требало да пристигне на власт следната година.

Ако името на моделот ве буни, да кажеме дека „A5“ е всушност новото име за досегашниот „A4“, бидејќи во номенклатурата на „Audi“ парните броеви ќе бидат резервирани за електричните модели, а непарните за оние кои нудат мотори со внатрешно согорување.


Порталот „kolesa.ru“ сега објавил рендери кои се направени на основа на шпионските фотографии и кои покажуваат како новиот „A5 Avant“ би можел да изгледа кога ќе биде претставен следната година. Според рендерите, предниот дел на „Audi A5 Avant“ ќе изгледа нешто посуптилно и попрефинето од оној на „A4 Avant“. Веднаш во очи влегува и обновената маска која е нешто поширока од таа на актуелниот автомобил, но и пониска.


Пониската маска исто така му овозможила на дизајнерот да ја зголеми големината на долниот отвор во спојлерот. Исто така, големите лажни издуви од моменталниот модел се заменети со мали триаголни вовлекувачи, а многу повеќе делови напред сега се во бојата на каросеријата. Обликот на предните светла исто така е сменет, а тие се нешто потенки и пошироки од оние на сè уште актуелниот автомобил.


Промените се видливи и на страничниот дел од автомобилот каде „A5 Avant“ има нови рачки на вратата кои се рамни со каросеријата. Профилот на кровот исто така е малку поинаков, како и облиците на страничните прозори.


Задниот дел на новиот модел исто така ќе биде прилично поразличен. Се истакнуваат новите ЛЕД светла, а автомобилот би требало да добие и ЛЕД светлосна лента со полна ширина. „A5 Avant“ прикажан на овие рендери исто така има ревидиран заден спојлер. Секако дека е прашање колку овие рендери се реален приказ за тоа што доаѓа, но се чини дека сериското возило би можело да биде слично на тоа прикажано на рендерите.


Што се однесува до моторизацијата, веројатно понудата ќе биде многу слична со онаа во актуелниот „A4“, вклучувајќи четирицилиндарски бензински хибриди, дизел модели и најмалку два плаг-ин хибриди, пренесува „Jutarnji“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг