[ВИДЕО/ФОТО] Маранело сјаеше во спектакуларно светлосно шоу

Точка

06/12/2023

13:27

4.106

Големина на фонт

а а а

Ова пат низ светлина, звук и слики кои ја рефлектираат есенцијата на тоа што сме, го слави нашиот успех и не води во уште посветла иднина – рекол првиот човек на „Ferrari“ Џон Елкан на првото прикажување на спектакуларниот фестивал на светла во фабриката Маранело.

Со повеќе од 400 различни светлосни елементи кои вклучуваат проектори, ЛЕД светла и ласерски ефекти, на повеќе од километар долгата Виале Енцо Ферари, прикажани се фотографии од најславните моменти на оваа италијанска марка: од моделот „125 S“ од 1947-ма година, првиот модел кој се произведувал во Маранело, па се до прототипот за „Le Mans 499 P Hypercar“.

Со светло биле украсени и најпознатите згради во рамките на фабриката, како што е воздушниот тунел дизајниран од Ренцо Пиано, а најавено е и отворање на нов блок, супер-модерна згради на површина од сто илјади квадратни метри, кој ќе биде отворен следниот јуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг