Најмалку 25 лица се повредени во пожар што избувна во зградата на безбедносната управа во египетскиот град Исмаилија пред пожарникарите да го стават пожарот под контрола по неколку часа.
Како што јави Ројтерс, причината за пожарот не е позната, а од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека станува збор за зградата на градската безбедносна управа.
Повикувајќи се на изјави на сведоци, агенцијата наведува дека пожарникарите првично имале многу проблеми при гаснењето на пожарот.
Дополнително, соопштено е дека во пожарот се урнале делови од зградата.