Ердоган: Ова е последниот терористички напад

Макфакс

01/10/2023

16:42

3.489

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со нападот во центарот на Анкара изјави дека ова се последните напади на терористите против Турција.

„Терористичкиот напад, при кој двајцата напаѓачи беа неутрализирани благодарение на навремената акција на безбедносните сили, е последниот бран на напади од страна на терористи“, рече Ердоган во парламентот.

Утринава силна експлозија одекна во Анкара, во непосредна близина на зградата на турското МВР, а турските власти соопштија дека се работи за терористички напад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг