(Видео) Белингам за генијалниот потег кој го изведе против сензацијата во Примера: Секој ден учам од Модриќ

Дерби

01/10/2023

12:01

2.282

Големина на фонт

а а а

Џирона одлично го отвори дербито против Реал Мадрид и пропушти голема шанса да поведе во раната фаза, по што следеше аклиматизација од страна на гостите, која резултираше и со гол за предност од 0:1.

Хоселу Мато погоди за водство на „кралевите“ кај досегашниот лидер во Ла Лига, но потегот на мечот беше дело на Џуд Белингам кој изведе генијалност во стилот на својот далеку поискусен колега.

Лука Модриќ го специјализираше „тривела“ додавањето и прерасна во вистински мајстор за оваа фудбалска техника, но очигледно истата веќе ја научил суперталентираниот англиски фудбалер.

Џуд на величествен начин го проигра Хоселу и му овозможи да се запише во листата на стрелците, а до крајот на мечот го постигна и последниот гол за конечни 0:3.

– Се чувствувам многу добро, имам слобода во движењето и уживам во фудбалот. Секогаш кога го облекувам дресот на Реал Мадрид, се обидувам да го дадам најдоброто од себе.

– Асистенцијата? Веќе со месеци наназад го гледам Лука Модриќ секој ден на тренинзите. Се обидов да бидам креативен и ми успеа. Тоа ни го донесе потребниот мир и не ослободи од притисокот кој го имавме на стартот, – изјави Белингам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг