„Бескорисни се и без мозок, не знаат што е машкост“: Некогашниот „Херкул“ ги прозва современите мажи, вели дека силните жени целосно ги потиснале

Точка

27/09/2023

08:52

4.670

Големина на фонт

а а а

Холивудскиoт актер Кевин Сорбо ја освои публиката ширум светот во текот на 90-тите години на минатиот век, како моќниот Херкул во серијата „Херкул: Легендарни патувања“, а неговата маркантна појава, интересна убавина и извајани мускули ги воодушевиле жените.

Но, Сорбо повеќе не ужива таков статус, а самиот тој тврди дека е ставен на црната листа на Холивуд и тоа поради контроверзните ставови на бројни теми, меѓу другото и политички.

Неодамна овој 65-годишен актер, мажите во Холивуд ги окарактеризирал како „бескорисни идиоти без мозок“ кои не разбираат што е тоа машкост. Тој во својот есеј за „Fox News“ ја прозвал т.н. „woke“ култура на Холивуд, особено целејќи на ѕвездите како Тимоти Шаламе и Били Портер.


Сорбо го нападнал концептот на современ маж, инсистирајќи дека феминистките „победиле“ затоа што мажите попуштаат пред своите основни желби како што се пиење, дрога, видеоигри и порнографија.

„Не е толку важно на кој спектар на маж припаѓате, доколку сте жртва на своите најниски побуди, феминистичката култура победи. Ти си токму таков каков што тие сакаат да бидеш“, напишал актерот.


Актерот се осврнал и на андрогиниот стил на одредени славни актери, па во своето убедување дека феминистките ги претвораат мажите во слаби луѓе.

„Општеството денес сериозно погрешно ја сфаќа машкоста. Од една страна сакаме да ја нормализираме андрогината на мажите како што е Били Портер којшто носи здолниште и „пуф“ фустани.

На пример, најдобро облечен маж по изборот на магазинот „GQ“ во 2019 година е Тимоти Шаламе кој често носи облека која вашиот дедо ниту мртов не би ја облекол. Каде и да погледнеме, гледаме смели, самоуверени, силни жени кои стојат пред пасивните мажи кои тивко се повлекуваат во позадина. Во подрум! Особено татковците се тие кои одеднаш станаа мета на секој холивудски „woke“ удар, неспособни, бескорисни идиоти кои никако не придонесуваат во своите семејства или заедницата, но тука се за да бидат жртвувани како предмет за исмејување“, вели Сорбо.


„Грубите мажи кои само ја злоупотребуваат својата сила, не разбираат и го исмеваат поимот машкост“, навел Кевин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг