Поранешниот тенис и тренер на Новак Ѓоковиќ успешно закрепнува.
Легендарниот хрватски тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, имал операција на коленото во Загреб за која зборувал после финалето на „US Open“.
Иванишевиќ на социјалните мрежи објавил фотографија од болница со коментар дека се поминало во најдобар ред.
„Големо благодарам до д-р Јелеч и целиот тим во Специјалната болница Света Катарина, вклучувајќи го и мојот пријател д-р Приморац. Се чувствував како дома, ти благодарам“, напишал Иванишевиќ.