(Видео) Велат дека е најубавата жена на светот, но никој не знае која е таа навистина: Mистеријата на Аимани Гадафи

Точка

26/09/2023

21:34

13.717

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена, уличниот фотограф Едоардо Жирардин, шетајќи низ улиците на Милано, пришол на една неверојатно убава млада жена, сакајќи да ја фотографира. Таа му рекла дека нејзиното име е Аимани, дека е Мис Либија, како и дека е од семејството на Моамер Гадафи, поранешниот либиски владетел.

Видеото молскавично започнало да го обиколува светот, затоа што девојката од истото е исклучително убава, како што велат можеби и најубавата жена на светот, но и затоа што кажала дека седум пати го победила ракот и ги преживеала страдањата од војната.


Меѓутоа, недолго потоа, многумина забележале дека на Интернет нема речиси ништо за неа. Информации за оваа жена може да се најдат само на неколку, главно непознати сајтови.


Доколку се верува на тие изјави, Аимани е родена во Триполи во 1998 година, израснала во изобилство во семејството Гадафи, и се образувала во приватни училишта.

Моментално студира медицина на универзитетот во Италија, а се занимава и со мода. Во споменатото видео, изјавила дека има состанок со луѓе од магазинот „Вог“.

Понатаму се зборува дека нејзината победа за Мис Либија била под сенка од презимето на нејзиниот татко, иако тврдат дека таа секако е убава, талентирана и интелигентна млада жена.


По видеото на Едуардо, Аимани направила профил на „ТикТок“ и ги поздравила своите следбеници велејќи дека не сака да се експонира на овој начин, туку дека сака да направи профил бидејќи многумина го злоупотребуваат нејзиното име и идентитет, додека нејзината земја се бори со несреќите кои и се случуваат.

Аимани, која изјавила дека живее во Милано, истакнала и дека сака подобро утре за децата и младите и дека би сакала да им биде инспирација.


Покрај сè, многумина ги загрижило тоа што во едно од видеата Аимани имала нешто како фластер на челото, заштитна маска и очила за сонце, а ликот едвај ѝ се гледал.

На крајот, мистеријата е уште поголема што во списокот на земји наведени на „Википедија“ како учеснички на овогодишниот натпревар за Мис Универзум во Ел Салвадор – Либија и Аимани ги нема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг