Ги има најбогатите родители на светот, но морала да работи: Една работа ѝ била строго забранета

Точка

26/09/2023

23:02

6.229

Големина на фонт

а а а

Фиби Гејтс е најмладата ќерка на милијардерот Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда, но таа не го води типичниот богат живот каков што го живеат повеќето деца на богатите.

Фиби Гејтс е најмладата ќерка на милијардерот Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда, но таа не го води типичниот богат живот каков што живеат повеќето деца на богатите. Иако е родена под среќна ѕвезда, а нејзините родители се едни од најбогатите и најуспешните на планетата, Фиби одлучила да биде своја и да стане независна.


На 21-годишна возраст, како студент и дизајнер, веќе постигнала значителен успех, па била поканета на Модната недела во Њујорк и Париз, како и на забави на модни куќи и престижни настани кои собираат многу светски ѕвезди.

Фиби е и ѕвезда на социјалните мрежи, а покрај сето тоа, таа врши и практикантска работа во познатиот магазин „Вог“. Интересно е што нејзините родители Бил и Мелинда инсистираат нивните деца сами да постигнат успех, бидејќи се плашат дека богатството ќе ги расипе.


Тие се обидувале на децата да им дадат што е можно понормално детство, принудувајќи ги сами да си ги вршат домашните работи и не дозволувајќи им да имаат свои мобилни телефони до својата 14-та година.


Денес, Фиби живее малку полуксузно од просечните врсници, а на Инстаграм се фали со мноштвото патувања и тури низ светот. Покрај неа, поранешните сопружници Бил и Мелинда ги имаат и ќерката Џенифер и синот Рори.