„Rimac Nevera“ веќе се чувствува како дома на американска површина, каде што, судејќи според достапните информации, се испорачани неколку примероци. Еден од нив тестираше новинар на „CNBC“.
Откако се запознаа со перформансите на автомобилот, но и потсетија на самата историја на компанијата зад овој автомобил, тест возењето ги однесе до планинските патишта над Малибу. Таму, тие имаа можност да го тестираат потенцијалот на автомобилот првенствено возејќи го во персонализиран „Custom“ режим со вклучен погон на сите тркала.
„Nevera“ не ги изневери при тестот, а Џон Роузвер зад воланот, покрај перформансите, беше изненаден што овој електричен автомобил не е како другите електрични автомобили. Иако возењето е тивко, тој забележал многу механички звуци кои го комплетираат впечатокот на вистински возачки автомобил.
„Nevera“ дефинитивно има многу особености, но важно е што е исклучително брз автомобил кој може да биде многу пријатен дури и на долги патеки. Во исто време, не треба да ве плаши огромната моќ, бидејќи овој автомобил може да го управува сосема обичен возач.
Од „CNBC“ го фалат и самиот дигитален кокпит, но најавуваат и дека „Nevera“ ќе добие и дополнителна опрема. На пример, оваа има камера кај ретровизорот која служи за препознавање на возачот.
Тестот го завршуваат со многу впечатоци, но можат се да сведат на еден, а тоа е дека за нив „Nevera“ е милји далеку од конкуренцијата, дури и од Tesla (Model S Plaid).