Џеко: Моето прво и веројатно последно финале во ЛШ

Макфакс

08/06/2023

17:22

2.275

Големина на фонт

а а а

Един Џеко е свесен дека финалето на Лигата на шампионите е единствена можност во неговата кариера. Џеко, во сабота, ќе игра со Интер против неговиот поранешен клуб Манчестер сити во финалето на Лигата на шампионите.

„Веќе имам 37 години и ова е моето прво и веројатно последно финале во Лигата на шампионите, па сакам да уживам.

Имавме одлична сезона во Лигата на шампионите, не толку добра во Серија А, но го освоивме Суперкупот и Купот на Италија, па затоа сме среќни.

Знаеме дека играме против веројатно најдобриот клуб во светот. Сити е фаворит и целиот тим мора да даде повеќе од 100% бидејќи не е лесно да гизвојуваш победа против нив“, изјави Џеко.