Анчелоти без влакна на јазикот распали по Милан: Осудени се на пропаст!

Дерби

08/06/2023

16:26

2.400

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти ја заврши сезоната со Реал Мадрид и сега ќе има мал заслужен одмор пред да се врати на обврските, кои во новата сезона ќе бидат уште посериозни поради реконструкцијата која е најавена во првиот тим.

Искусниот стручњак ќе го доработи договорот и ќе остане најмалку уште една година во шпанската престолнина, но и во клубот во кој ги препозна сите квалитети и вредности кои треба да се поседуваат во фудбалот.

Дон Карло е импресиониран од тоа како се ценат работите во Реал Мадрид, нешто што не е случај во Милан каде изминатиов период се случи вистински „земјотрес“ со отказот кој го доби Паоло Малдини.

Анчелоти даде изјава на оваа тема во ексклузивното интервјуз за „Ил Џорнале“, во кое предупредува дека клубот тргнал во правец кој води кон пропаст.

– Тука во Мадрид научив дека историјата секогаш мора да биде почитувана. Ди Стефано, Амансио, Генто и Пушкаш се уште имаат голема важност во Мадрид. Тоа што му се случи на Малдини покажува недостаток на историска култура и покажување непочит кон традицијата на Милан. Вистина е дека историјата не носи победи, но историјата те учи како да победувате. Клубовите кои ги ставаат бизнис целите пред спортскиот успех се осудени на пропаст, – вели Анчелоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг