(Видео) Славниот фудбалер присуствувал на хорор нападот на тригодишни деца во Франција

Точка

08/06/2023

16:38

3.147

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер Ентони Ле Талек бил сведок на тешко злосторство кое денеска се случило на југот на Франција. Непознат напаѓач со нож ранил осум деца, од кои некои се во критична состојба.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул се нашол на самото место и снимил дел од ужасот, а потоа раскажал што се сè случило.

Ле Талек кој сега работи како фудбалски тренер во Аненси откако се пензионираше во 2021-ва година, објавил детали на социјалните мрежи.

„Трчав покрај езерото и видов десетина луѓе како трчаат во спротивна насока од мене. Ги прашав што се случува и некој ми кажа да бегам бидејќи некој боде луѓе. Забодел неколку деца“.

Тој потоа открил повеќе детали.

„Го видов мажот спроти мене, го бркаа полицајци на пет-десет метри зад него, обидувајќи се да го фатат. Продолжив. Видов деца на крајот од езерото, некои деца на земја. Некои беа повредени, тоа е ужасно“.

Вооружениот напаѓач со нож нападнал група деца на возраст од околу три години во паркот во близина на езерото, рекле анонимни безбедносни извори и локални службеници.

Три деца се наоѓаат во животна опасност, соопштила полицијата.

Повредени се вкупно осум деца и едно возрасно лице, додале полицајците.

Се верува дека осомничениот е сириски барател на азил, според извештаите на „Le Parisien“.

Ле Талек ја мина академијата на Ливерпул, а најмногу натпревари одигра за Ле Манс и Валенсиенс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг