Популарниот руски психолог открива – една особина ја прави жената фатална

Точка

08/06/2023

15:00

18.102

Големина на фонт

а а а

Популарниот руски психолог Михаил Лабковски смета дека самопочитта е најважна во животот, од тоа зависи колку ќе бидете успешни во кариерата, но и среќни во љубовта.

Тој нагласува дека самодовербата надополнува сè и дека тоа кај жената е поважно од убавината затоа што на таквите ставови посилниот пол не може да одолее:


„На мажите им се допаѓаат самоуверени жени затоа што не се фокусирани на своите недостатоци. Комуникацијата со нив е лесна, оставаат впечаток дека можат и знаат сè. Ги краси прекрасен став, смирени гестови, самоуверен говор...“.

Доколку навистина сте сигурни во себе, тогаш можете да ги импресионирате другите со своето однесување.

Доколку жената е сигурна во себе, присуството или отсуството на мажот во нејзиниот живот на ниту еден начин не влијае на неа. Доколку е сама – животот не запира.


Кога жената се сомнева во себе, тоа често се изразува во фактите дека многу сака да биде со некој. Важно е да се спомне дека самоуверените жени привлекуваат моќни и самосвесни мажи. Типовите со ниска самодоверба, несигурност и комплекси нејзе не ја интересираат.