(Фото) Мартија Станојковиќ во стајлинг достоен за Холивуд: Младата пејачка блесна на матурската вечер во црн фустан со отворен грб, па ги привлече сите погледи

Точка

08/06/2023

12:12

10.649

Големина на фонт

а а а

Младата и перспективна пејачка Мартија Станојковиќ вчеравечер ја прослави својата матура, а таквите моменти од животот сите многу добро знаеме дека долго ги паметиме.

Преубавата Мартија фотографиите од матурата ги сподели на својот Инстаграм профил, па доби многу пофалби на сметка на својот изглед.

Таа на дел од фотографиите позираше и со својот партнер, а и двајцата беа елегантни, впечатливи и гламурозни, како пар којшто би се појавил на црвениот тепих во Холивуд.


Што се однесува до стајлингот на младата Мартија, таа носела црн фустан со прорези на грбот. Косата ѝ била пуштена и стилизирана, а целиот изглед го надополнила со елегантни обетки, додека пак шминката ѝ била нежна. Можеме да кажеме дека изгледа навистина неодоливо.

Помалку впечатлив не бил ниту нејзиниот партнер којшто бил облечен во елегантно одело, па и двајцата некако биле усогласени со стајлинзите.


Како се одвивала матурската вечер Мартија покажуваше на социјалната мрежа Инстаграм, а фотографија објави и нејзината мајка која напиша:

„Среќна матура мајкино!“.


Дали ви се допаѓа модната комбинација на Мартија Станојковиќ?




Спонзорирани линкови

Маркетинг