(Видео) Актерката сподели детали за својата борба со канцерот во четврти стадиум: „Мојот страв е очигледен...“

Точка

08/06/2023

08:29

8.499

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Шенон Доерти на социјалните мрежи споделила потресни детали за својата борба со канцерот на дојка во четврти стадиум кој се проширил и на мозокот.

„12 јануари 2023 CT на 5 јануари покажа метастази и во мозокот. Вчерашното видео го прикажуваше процесот на поставување на маска која ја носите во текот на зрачењето на мозокот. Првиот круг зрачење започна на 12 јануари. Мојот страв е очигледен, исклучително сум клаустофобична и многу работи се случуваа во мојот живот. Среќна сум што имам прекрасни доктори како Амина Мирахдија и медицинските техничари во „Cedars-Sinai“ болницата, но тој страв... Промени... Времето во кое сето тоа доаѓа... Вака канцерот може да изгледа“, навела актерката во описот на видеото.

Претходно таа кажала дека пишува проштални писма и снима пораки за своето семејство. Подготвила и облека во која сака да биде погребана.

„Подготвив фустан којшто го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Се трудам последните месеци да подобрам некои односи, да им се извинам на луѓето кои сум ги повредила свесно или несвесно. Настојувам да живеам во полна пареа и да уживам во ова малку време кое ми остана“, раскажала актерката.

Во јануари годинава по 11 години брак актерката се развела од режисерот  Курт Исвариенко откако дознала дека ја изневерил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг