(Видео) Рецепт за евтин, но совршен појадок: Едноставен, брз и многу вкусен

Точка

07/06/2023

21:04

19.322

Големина на фонт

а а а

Денеска ви претставуваме рецепт за совршен и брз појадок кој ќе го обожуваат сите во вашиот дом.

Потребни состојки:

- 4 јајца
- прстофат сол
- прстофат црн бибер
- 6 гр. прашок за печиво
- 90 гр. брашно
- 100 гр. шунка
- 60 гр. рендан кашкавал
- 100 гр. фета
- малку магдонос
- 1 црвена пиперка
- масло за јадење

Начин на подготовка:

Во подлабок сад изматете ги јајцата и додадете прстофат сол, црн бибер, прашок за печиво и брашно, па добро промешајте.

Во садот потоа додајте ја исечканата шунка, кашкавалот и фета сирењето. Исечкајте ја и пиперката и магдоносот и додајте ги во смесата, па измешајте за да се соединат состојките.

Подмачкајте една тава за печење со масло, а потоа со помош на лажица ставајте од смесата. Пржете од двете страни додека не добијат златножолта боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг