Поранешната катарска принцеза пред нејзината смрт го опишала „животот во златен кафез“: Ме заведе иако беше 28 години постар, а потоа ја натера нашата ќерка да спие во неговиот кревет!

Точка

07/06/2023

17:23

6.405

Големина на фонт

а а а

Касија Галанио, поранешната сопруга на катарскиот принц Абделазиз бин Калифа ал Тани, била пронајдена мртва минатиот јуни во нејзиниот дом во Марбела, јужна Шпанија, а сега „испливале“ детали за нејзиниот „живот во златен кафез“.

Според француските медиуми, телото на Касија Галанио го пронашла полицијата откако нејзината најмлада ќерка ги известила, бидејќи нејзината мајка не се јавувала. Се верува декa причината за смртта е предозирање со наркотици.



Поранешната принцеза од Катар, која била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела, ја раскажала приказната за својот ужасен живот кога била дел од кралското семејство, само неколку недели пред нејзината смрт.



Принцезата Касија Ал Тани (45), третата сопруга на милијардерот Абделазиз бин Калифа ал Тани (73), опишала колкав предизвик била транзицијата од растење во нормален дом во САД, до приклучување кон кралското семејство, додавајќи дека „повеќе пари значат и повеќе проблеми“. Taa изјавила дека се омажила за принцот откако тој ѝ се додворувал кога таа била 19-годишна студентка во Париз и покрај нивната 28-годишна разлика во годините. Двојката имала три ќерки. Сепак, нивната романса завршила и парот се разделил во 2007 година, па поранешната принцеза, веќе позната како Касија Галанио била принудена да го продаде својот накит за да има почетна финансиска стабилност. Принцезата која водела луксузен живот, се дружела со холивудските ѕвезди и имала половина милион следбеници на Инстаграм, со години имала жестока битка за старателство со поранешниот сопруг.



За време на судењето, нејзиниот поранешен сопруг бил обвинет за сексуална злоупотреба на една од ќерките – што тој го негирал.



Неколку недели пред смртта, Касија проговорила за турбулентниот однос со поранешниот министер за нафта и финансии во Катар, пишувале „Дејли меил“. Таа во интервју на 17 април изјавила дека нејзиниот сегашен живот бил како да живее во „златен кафез“, сакајќи слобода од нејзиниот поранешен сопруг, за кој тврдела дека одбивал да плаќа алиментација. „Парите се проклетство, бидејќи те оддалечуваат од многу луѓе – тоа е еден друг свет“, изјавила таа. Поранешната принцеза открила дека морала да го продаде својот накит поради долгиот и „горчлив“ развод, иако живеела во луксузна вила во Марбела.



„Ал Тани сакаше да ме контролира преку децата“, додала таа. Таа зборувала и за тоа како се заљубила во принцот, додека била студентка во Париз и покрај 28-годишната разлика во години. „Сакав да се грижам за него, сакав да бидам тука за него бидејќи беше осамен. Сепак, сакав да го живеам животот, бев многу млада кога добив деца, а тој веќе го имаше завршено тој период од животот“, изјавила Касија. Нејзиниот поранешен сопруг бил обвинет дека сексуално нападнал една од нивните ќерки и ја принудил да спие во неговиот кревет.

„Моќта, дипломатскиот имунитет и парите не треба да дозволат неказнето да поминат одредени работи. Се надевам дека не е вистина, но ѝ верувам на ќерка ми“, рекла поранешната принцеза. „Le Parisien“ објавиле дека на 19 мај судот во Париз ги одбил нејзините барања за старателство. Таа неодамна поминала неколку месеци во болница, каде наводно се лекувала од нервен слом.



Спонзорирани линкови

Маркетинг