Нина „Групер“, поранешната министерка за финансии (Нина Ангеловска), направи забава со нејзините блиски пријатели и вереникот Виктор Станков по повод запросувањето кое се случи неодамна.
Инаку, Нина се вери за својот избраник д-р Виктор Станков на големиот празник Велигден, а веста за запросувањето ја објави Нина на својот Инстаграм профил.
Овојпат нејзината сестра Марина на социјалната мрежа Инстаграм сподели навистина интересно видео на кое Нина со партнерот и нивните најблиски пријатели уживаат во викенд-дружбата по повод нивната веридба.
На видеото се гледа дека парот споделува нежни бакнежи, прстените кои ги покажуваат двајцата, но и прекрасната забава во која уживаат тие двајца и нивните сакани пријатели.
Под објавеното видео сестрата на Нина напиша: „Во име на љубовта“, а песната која се слуша во позадина на видеото е една од најголемите љубовни балади „Can’t take my eyes of you“.