„BMW“ за дизајнерски решенија користи вештачка интелигенција

Точка

02/06/2023

13:45

15.597

Големина на фонт

а а а

За среќа, „BMW“ нема намера да и дозволи на вештачката интелигенција во целост да ја преземе контролата над процесот на дизајн.

Дизајнерската филозофија на BMW е вечна тема на расправа. За жешките теми од седиштето на баварската компанија ги пренесуваме и размислувањата на првиот човек за дизајн на „BMW“ групата, Адриан ван Хујдонк.

Тој во разговор за „Motor1“ навел дека неговата компанија при развојот на дизајнерските решенија користи вештачка интелигенција, пренесува „Jutarnji.hr“.


„Како човечко суштество, мора да бидете уметнички директор и да донесете одлука. Ние секогаш водиме процес за дизајнирање – не е дека компјутерот може во целост да измисли работи, но може да комбинира различни параметри во предлог многу побрзо од човек“, објаснува Хујдонк.

„Експериментираме со вештачката интелигенција во дизајн, на пример – како ќе изгледа дизајнот на бандажите. Ние поставуваме неколку параметри: сакаме тркало со пет краци, кое треба да тежи толку и толку, со дадени димензии од 20 инчи – и тогаш компјутерот почнува да генерира идеи за вас“, вели Хујдонк.


„На некого тоа му звучи застрашувачки, а некого перспективно. Компјутерски генерираните идеи не се лоши, но, секако, мора да поставите граници од почеток“, заклучува Хујдонк.

За среќа, „BMW“ нема намера да и дозволи на вештачката интелигенција во целост да преземе контрола над процесот за дизајн.




Спонзорирани линкови

Маркетинг