Мусаката често се подготвува бидејќи е едноставна и им успева на сите.
Но, со овој рецепт уште повеќе ќе го скратите времето на готвење бидејќи не морате да пржите мелено месо – наместо него додадете шунка.
За многу кратко време на масата ќе имате ручек кој ќе го израдува целото семејство.
Потребни состојки:
- 1 кг. компири
- 2 главици кромид
- 120 гр. шунка
- 3 лажици пармезан
- 3-4 лажици брашно
- 150 мл. павлака за готвење
- презла
Начин на подготовка:
Исечете ги компирите на ситни кругови, па посолете ги. Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го. Во компирите додајте го пармезанот, сечканата шунка, пропржениот кромид, павлаката за готвење, брашното и зачини по вкус и добро промешајте.
Садот во кој ќе ја печете мусаката намастете го и одозгора посипете со презла. Претурете ги компирите и убаво израмнете ја смесата, а потоа печете на 180 степени околу 50 минути.