(Видео) Навивачите на Бенфика го скандираа името на „предавникот“ Фернандез: Кој е Енцо…

Дерби

05/02/2023

12:45

2.142

Големина на фонт

а а а

Енцо Фернандез преживеа голема трансфер драма во месец јануари, бидејќи најпрво избегнуваше тренинзи со Бенфика со цел да изнуди трансфер во Челси, а потоа откако работата малку се смири, покажуваше дека е верен и лојален и се извинуваше на фановите на португалскиот клуб.

На средината на месец јануари се доби впечаток дека оваа операција е завршена, но последните три дена од преодниот рок Челси повторно ги интензивираше преговорите и на крајот го договори неговиот потпис.

Аргентинецот за рекордни 121 милиони евра направи трасфер во Премиер лигата и после само шест месеци ја напушти Бенфика, која пак одново ја наполни својата каса од продажба на млад фудбалер.

Фернандез во петокот имаше деби настап за Челси и покажа неколку добри потези, но вчеравечер се најде на удар од преполниот „Луж“ во Лисабон, каде навивачите на Бенфика смислија и песна за предавникот.

– Кој е Енцо…… Не знаеме, – гласи песната која набрзина ја смислија навивачите на Бенфика и која вчера во повеќе наврати беше актуелна на „Луж“ во победата над Каса Пија (3:0).



Спонзорирани линкови

Маркетинг