Според зборовите на „Forex Suggest“, Биткоин претставува „највалкана“ криптовалута. Како што вели изворот, „копањето“ на Биткоин имало најлошо влијание на животната средина во текот на претходната година.
Експертите докажале дека производството на еден Биткоин емитувала речиси еден тон јаглерод-диоксид (CO2). Вкупно, во текот на целата 2022-ра година копањето на Биткоин произвело околу 86,3 милиони тони „CO2“. За да се намали влијанието на штетни гасови потребно е да се посадат речиси 431,6 милиони нови стебла дрвја.
Споменатиот извештај не ги вклучува оние кои преминале на користење на други енергетски извори. „Bitcoin Mining Council“ вели дека во третиот квартал од 2022 година стабилната потрошувачка на енергија при рударење на Биткоин изнесувала 59,4 проценти, што е за три проценти повеќе во однос на истиот период во 2021 година.
Биткоин мора да усвои нов алгоритам за да го намали степенот на загаденост
Копањето на Биткоин и „proof of work“ (PoW) алгоритмот не беа добро прифатени како енергетски интензивни процеси. Најблискиот ривал на Биткоин претставува Етериум, кој воедно е и вториот најголем блокчејн. Претходниот септември, Етериум почна да користи „Proof of Stake“ (PoS) алгоритам, благодарение на кој не овозможена 99,95 проценти помала потрошувачка на енергија на блокчејн.
Професорот по финансии од Универзитетот во Западна Австралија предупредува дека сè додека Биткоин користи „PoW“ алгоритам нема да биде можно да ја намали употребата на енергија при копањето. „Биткоин ќе привлече лош публицитет со „PoW“ моделот сега кога изгледа дека „The Merge“ (спојување) трансформацијата мина многу добро“, вели професорот. Под спојување се мисли на преминувањето на Етериум од „PoW“ на „PoS“.