Без печење и без мака: Чоколадни бомбици со рум, готови за 15 минути

Точка

02/12/2022

16:39

14.670

Големина на фонт

а а а

Ситните колачиња кои се подготвуваат набрзина, а имаат магичен вкус се совршен десерт на трпезата.

Спојот на чоколадо и рум е секогаш одлично решение за слатки, а овие бомбици можете да ги подготвите и во мрсна и во посна варијанта - само заменете ги чоколадото и маргаринот со посни верзии.

Потребни состојки:

- 100 гр. црно чоколадо
- 250 гр. мелени бисквити
- 250 гр. шеќер во прав
- 250 гр. маргарин (на собна температура)
- 100 гр. мелени ореви
- 2 лажички рум
- 100 гр. суво грозје


Начин на подготовка:

Добро изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити, мелените ореви и румот. Оставете една лажица бисквити или ореви на страна за посипување.

Сето тоа добро измешајте го, па замесете за да добиете фина и компактна смеса.

Од добиената смеса формирајте бомбици, а во средината на секоја од нив ставете по неколку зрна суво грозје, во зависност од вкусот.

Наредете ги во хартиени корпички и прелијте ги со стопеното чоколадо, па извалкајте ги во мелените бисквити или ореви.