Севилја го претстави Хорхе Сампаоли за нов тренер

Макфакс

06/10/2022

18:19

2.635

Големина на фонт

а а а

Хорхе Сампаоли е нов тренер на шпанскиот прволигаш Севилја. Тој го презема тимот од Андалузија веднаш откако клубот се раздели со Хулен Лопетеги.

По синоќешниот пораз (1:4) на домашен терен од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, Севилја се одлучи да разделба со Лопетеги.

Сампаоли и во минатото беше дел од Севилја, го водеше тимот во сезоната 2016/17, а покрај тоа беше тренер и на Атлетико Минеиро, Олимпик Марсеј, беше и селектор на Аргентина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг